НБА-лигата го објави пеколниот распоред, се играат неколку спектакли! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управата на НБА-лигата го откри календарот за продолжение на сезоната, која би требало да почне на 30 јули со мечот меѓу Њу Орлеанс и Јута.

Кратко потоа следи и градското дерби меѓу Лејкерс и Клиперс, додека ден подоцна на теренот играат Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица против Сан Антонио.

Како што е познато, завршницата во НБА-лигата се игра во Орландо, во три сали во комплексот на „Дизниленд“, а некои денови ќе има и по седум натпревари на програмата.

Најдобрите седум обезбедуваат пласман во плејофот, додека за осмата позиција ќе играат плеј-ин турнир, ако разликата меѓу осмопласираниот и деветопласираниот биде помала од четири победи.