„Не е важно за кој тим навивате, но мора да бидете среќни кога ќе го видите Јусуф Нуркиќ“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јусуф Нуркиќ се врати на паркетот по 16 месеци во подготвителните натпревари на Портланд Трејл Блејзерс.

Тешка фрактура на ногата не остави премногу белег на центарот. Тој изгледа навистина одлично на подот, и тоа го покажа дека во натпреварите против Њу Орлеанс Пеликанс и Торонто Рапторс.

Портланд сигурно доби многу со враќањето на Нуркиќ, а воодушевени се и новинарите кои работат за противничките екипи. Истакнатиот новинар од Њу Орланс Џеф Новак на Твитер објави видео од игрите на Нуркиќ во одбрана и напиша:

„Не е важно кој тим го поддржувате, затоа што треба да бидете среќни што повторно ќе го видите Јусуф Нуркиќ на подот. Неговите движења се многу добри по сериозната повреда минатата сезона“, напиша Новак.

И, со оглед на тоа како изгледаше Нуркиќ, нема сомнение дека Треил Блејзерс ќе имаат голема корист.

Портланд е во трка за плеј-офот, и ќе видиме дали ќе успеат. Во првиот натпревар од остатокот од сезоната играат против дирекниот ривал Мемфис Гриезлис.