„Не потценија нас“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон смета дека неговата селекција беше потценета на ова ЕП.

Аѕурите вчера со резултат 2:0 ја совладаа Шпанија и така се пласираа во четвртфиналето, каде што ќе се сретнат со Германија.

„Денеска одигравме одлично. Во поголем дел од натпреварот водевме со 1:0 но, искрено, заслуживме и поголема предност. На крајот сосема заслужено победивме со 2:0“, рече Буфон, кој потоа додаде:

„Многу не потценија кога одевме за Франција. Мислеа дека не сме силни, но се излажаа. Горд сум на моите соиграчи и на начинот на кој играат на ова првенство“.

За наредниот противник…

„Против Германија ќе биде исклучително  тешко. Знам против кого играме, но ја знаеме и нашата цел. Веќе направивме голем успех, но сме само во четвртфиналето  и пред нас е долг пат“, заклучи одличниот голман на Италија и Јувентус.