Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хесе Родригез (31) играше за Реал Мадрид, ПСЖ и неколку други европски клубови пред да потпише летово за малезискиот Јохор ДТ. Шпанскиот напаѓач зборуваше за Јутјуб канало за неговото заминување од Реал во ПСЖ, кој 2016-та година плати за него 25 милиони евра.
„Ако сакав, можев да останам во Мадрид, но се појави ПСЖ. Немав многу голема минутажа, па заминав во Париз. Притоа, Унаи Емери беше тогаш тренер и ме повика. Реал доведе неколку играчи, а бидејќи сакав да играм европски натпревари, мислев дека треба да заминам. Бев многу блиску да влезам во репрезентацијата за Светското првенство во Бразил, но повредите ме спречија”, рече Хесе.
Реал е клубот во кој одигра најмногу натпревари (94) и постигна најмногу голови (18), додека во ПСЖ во текот на четири години одигра само 18 натпревари и постигна два гола бидејќи беше на позајмици во Лас Палмас, Бетис и Спортинг.
„Во ПСЖ добив подобар договор и ме плаќаа многу повеќе. Се сеќавам кога прв пат видов милион на сметка. Помислив: ‘Одлично, дали навистина добиваш толку за постигнување голови?'” раскажува Хесе. И покрај милионите, не беше задоволен од статусот во францускиот клуб.
„Претседателот (Насер ал-Келаифи) не сакаше да ме види. Не знам дали му се допаѓаше повеќе мојата жена од мене. Не ми дадоа објаснување. Многу заработив, но бев разочаран од третманот. Се чувствував како да имам работа со милијардер кој се однесува кон играчите како да се потрошни фигури за игра”, рече Хесе за времето поминато под катарските сопственици на ПСЖ.