„Нејмар се труди, на него останува да покаже што знае“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел смета дека Нејмар е на добар пат повторно да ги освои срцата на навивачите на клубот од Париз.

ПСЖ по победата над Анже во деветтото коло од домашниот шампионат си го осигура првото место. Сепак, тренерот Тухел не е задоволен.

„Нејмар можеше да постигне повеќе голови. Во моментов е подобра ситуацијата и навивачите го почитуваат. Сепак, на него останува да го покаже неговиот капацитет. Покажа дека може да постигне многу работи, но има голем простор за напредок“, открива Тухел.

Откако стана јасно дека Нејмар ќе остане во Париз барем уште една година, тој одигра пет меча, на кои запиша четири гола, па така ги запре критиките на навивачите.