Нексе му го урна европскиот сон на Еурофарм Пелистер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еурофарм Пелистер испадна во осминафиналето на Лига Европа, откако на домашен терен загубија со 21-22 од Нексе во Битола.

Битолскиот тим имаше одличен почеток на натпреварот и предност од 7-3, но Хрватите се разбудија во вторите 15 минути од првиот дел и до полувреме стигнаа до 11-11.

Нексе го скрши отпорот на Е. Пелистер во второто полувреме, кога со неколку голови по ред избега на 14-11, по што беше јасно дека Битолчани ги чека пекол до крајот.

Хрватската екипа ја одржуваше предноста од два гола, по што Пелистер израмни на 202-20, но тоа беше сè од лидерот во македонскиот шампионат, кој и втора година по ред е елиминиран од Лига Европа.

Мандалиниќ беше најдобар со шест голови, додека кај Нексе најефикасен беше Јелиниќ со пет гола.