Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Димитри Паје е на чекор од соборување на фантастичен рекорд кој засега е во сопственот на уште еден Французин, Зинедин Зидан.
Неверојатно, Паје го дели само една создадена шанса за своите соиграчи од рекордот на големиот Зинедин Зидан. Имено, Паје досега на два натпревари на своите соиграчи им создаде 14 прилики за погодокот.
Уште поневеројатно звучи податокот што Зинедин Зидан во 2004 година споменатите 15 шанси ги креираше на двојно повеќе натпревари и за тоа имаше цел турнир.
Иначе, Паје во овој момент е убедливо прв по бројот на креирани шанси за своите соиграчи на турнирот. На второто место е фудбалерот на Белгија, Маруан Фелаини кој креираше седум прилики. Давид Силва, Гранит Џака и Владимир Вајс ја заокружуваат првата петорка со по шест создадени прилики за погодок.