Неверојатна драма во Пекинг: Шпанците по две продолженија се пласираа во финале на СП

Кошаркарите на Шпанија се пласираа во големото финале на Мундобаскетот, откако по две продолженија во Пекинг ја совладаа Австралија со 95-88.

Австралијците на мечот беа подобри во првиот дел, а Шпанците на самото отворање имаа предност од пет поени, но откако противникот го презема водството, тие стигнаа и до 10 поени разлика.

Шпанците во дуелот се вратија во последната четвртина. Полека ја намалија предноста на Австралијците, па на крајот мечот мораше да се решава во продолженија.

Шпанците таму беа подобри и брзо стигнаа до предност од пет поени, но исто така Австралијците брзо се вратија. Сепак, „црвената фурија“ успеа да слави о 95-88.