Никој не може да го запре: Јокиќ урна рекорд стар 55 години (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денвер нагетс запиша нов пораз во НБА-лигата, но и покрај тоа Никола Јокиќ стигна до трипл-дабл против Сан Антонио.

Јокиќ стигна до 26. трипл-дабл оваа сезона, а притоа успеа да урне рекорд стар 55 години, откако стана центар со најмногу натпревари во сезона со 10 или повеќе асистенции.

Ова беше негов 33. меч сезонава на кој имаше над 10 асистенции и така зад себе го остави легендарниот Вилт Чемберлејн, кој во сезоната 1967/68 имаше 32 натпревари.