Норвешка е минато: Македонија оди на победа против Холандија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонските ракометари денеска ќе го одиграат вториот натпревар на Светското првенство (СП), а противник ќе ни биде Холандија.

Холандија игра модерен и брз ракомет, а главна ѕвезда им е Лук Стаинс, кој ќе биде тешко да се запре на теренот.

Македонија ќе мора да го покаже својот квалитет и новата брза игра и модерен ракомет кој го најави селекторот Кире Лазаров.

Иако дуелот со Норвешка (27-39) не е добар почеток на СП, сепак ретко кој очекуваше изненадување против фаворитот.

Ракометарите велат дека дуелот со Норвешка е минато и сега мислите им се насочени само кон Холандија.