Нова оригинална „провокација“ од ФК Вардар до другите клубови: Одржувајте дистанца (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од фудбалскиот клуб Вардар на навистина интересен начин порачуваат да се одржи дистанца во време кога владее пандемија предизвикана од коронавирусот.

Пред извесен период од Вардар ја објавија првенствената табела на која се далеку понапред од своите ривали и преку неа пратија порака да се одржува дистанца, а сега на уште пооригинален начин го сторија тоа.

На официјалниот профил на клубот осамна фотографија на која се илустрирани титулите освоени на Вардар со тие освоени од другите клубови. И оваа, како и претходната  објава носи порака за одржување дистанца.