Нова радост за Денвер: Јокиќ ги размонтира „воините“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер нагетс славеше против Голден Стејт вориорс со 108-105 за осма победа во НБА-лигата во новата сезона.

Повторно најдобар во победничкиот тим беше Никола Јокиќ, кој постигна 35 поени, 13 скокови и пет асистенции, а му помогнаа Реди Џексон со 20 и Мајкл Портер со 17 поени.

Стеф Кари немаше добра ноќ за „воините“ и постигна „само“ 23 поени, додека Клеј Томпсон запиша 15 поени.

Хјустон рокетс славеше против Лос Анџелес лејкерс со 128-94, додека Торонто репторс го совлада Далас маверикс со 127-116.