Новинар се обиде да го испровоцира Мбапе со прашање за Реал Мадрид (Видео)

ПСЖ беше елиминиран од Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако двата меча ги загуби со по 0-1.

Килијан Мбапе не можеше да го спаси францускиот шампион од пораз, иако даваше сè од себе на теренот, а на крајот на мечот доби провокација од еден новинар.

Сè погласни се шпекулациите дека Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид во летниот преоден рок, а еден од новинарите го праша Французинот дали ќе навива за „кралевите“ во финалето на ЛШ.