Новиот тренер на Интер отпиша еден првотимец за да направи место за Сучиќ

Петар Сучиќ ќе дебитира за Интер на престојното Светско клупско првенство, откако дојде од Динамо во трансфер вреден 14 милиони евра. Освен Сучиќ, ова натпреварување ќе биде и дебитантско за новиот тренер на Интер. Симоне Инзаги заминува во Ал Хилал, а негов наследник ќе биде Кристијан Киву, кој треба да биде претставен најдоцна во понеделник.

Италијанските медиуми веќе се распишаа за тоа како ќе изгледа Интер под новиот тренер, а Corriere dello Sport тврди дека Киву веќе донел една голема одлука. Одлучи да ја намали улогата на 36-годишниот Хенрик Мхитарјан за да отвори место за Сучиќ во првиот тим.

„Сучиќ веднаш може да најде место меѓу стартерите, со цел освежување на тимот. Ова е јасен сигнал дека Интер со Киву започнува одново, со јасни идеи и амбиции“, заклучуваат Италијанците.

Фото: Принтскрин