Нуркиќ го коментираше дрим-тимот на Југославија: Кој кловн ја правеше оваа листа!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ направи дрим-тим на Југославија составен од денешните кошаркари на поранешните републики.

Во селекцијата беа Лука Дончиќ, Бојан Богдановиќ, Богдан Богдановиќ, Никола Јокиќ и многу други, а со оглед на квалитетот, очекува испаднаа дел од кошаркарите од изборот.

Еден од нив е Никола Вучевиќ, ѕвездата на Орландо, кој е еден од подобрите кошаркари на неговата позиција, по што реши коментар да остави Јусуф Нуркиќ.

„Брате, разбирам зошто не сум избран, но што имаат против тебе? Марка, само кажете ни кој кловн ја правеше оваа екипа“, напиша центарот на Портланд во реакцијата на игнорирањето на Вучевиќ.