Објавени термините за осминафиналниот двомеч меѓу Вардар и ПИК Сегед


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


ЕХФ денеска ги објави термините во кои ќе се играат осминафиналните пресметки во Лигата на шампиони, па така и Вардар дозна кога ќе се пресмета против ПИК Сегед.

Европскиот шампион првиот меч ќе го одигра во СЦ „Јане Сандански“ на 22 март во 17 часот, по што реваншот се игра на 29 март во Унгарија во истиот термин.

На останатите натпревари ќе се пресметаат Висла Плок-Веспрем, Целје-Кјелце, Динамо Б.-ПСЖ, Алборг-Порто, Монпелје-Фленсбург.