„Обрадовиќ да биде тренер во НБА? Не знам дали Американците би го истрпеле“


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар Тони Кукоч беше присутен на мечот меѓу Партизан и Олимпијакос во Евролигата, по кој зборуваше на различни теми.

Кукоч се заблагодари за прекрасниот пречек во Белград, а по мечот доби прашање дали Жељко Обрадовиќ би можел да биде тренер во НБА-лигата.

„Не се сомневам дека би успеал и таму. Ако го земете во предвид неговото знаење, тогаш сигурно ќе има успех. Но ако го земете неговиот начин на комуникација, не знам дали кошаркарите во Америка би го истрпеле. Сепак, мислам дека тоа е до нив затоа што се разгалени. Колку повеќе пари имаат, толку помалку играат кошарка“, кажа Кукоч.