Официјално: Чупиќ потпиша за ППД Загреб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ го напушта Вардар и се враќа во татковината на крајот на сезонава, откако и официјално потпиша за ППД Загреб.

Чупиќ мина пет години во екипата на Вардар, при што освои две титули во Лигата на шампиони (ЛШ), а сега потпиша тригодишна соработка со ППД Загреб.

„Дури 15 години играм во странство, но понудата од Загреб пристигна во вистински момент за мене. Го разгледав новиот проект и се пронајдов во него“, кажа Чупиќ.