Официјално: Лукаку го засили Интер и избра број на дрес (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ромелу Лукаку по очајната сезона во Челси стигна на едногодишна позајмица во неговиот поранешен клуб и италијански вицешампион Интер.

Лукаку по пристигнувањето во Интер избра и нов број на дрес кој ќе го носи во следната сезона, а тоа е 90.

„Многу се силни емоциите. Минатото кое го имав тука беше прекрасно. Интер ми даде многу и сега се надевам дека ќе бидат подобар од претходно“, кажа Лукаку.

Белгиецот во првиот мандат во Интер го носеше дресот со број девет, кој сега му припаѓа на босанскиот напаѓач Един Џеко.