Официјално: Тиаго Алкантара е фудбалер на Ливерпул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Тиаго Алкантара потпиша договор со Ливерпул. Одличниот играч се договори неодамна со англискиот шампион, а вчера беше постигнат договор меѓу двата клубови, по што трансферот се реализираше.

Ливерпул официјално го претстави Алкантара во нивниот дрес и наскоро ќе го видиме по првпат на теренот како фудбалер на „црвените“.

Тиаго по седум години го напушти Баерн, а вредноста на трансферот со бонуси изнесува околу 30 милиони евра.