Охриѓанецот Осман конечно откри зошто го избрал Панатинаикос


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Кошаркарот Џеди Осман, кој сега го носи дресот на грчкиот Панатинаикос, во разговор со медиумите ја објасни својата одлука да се приклучи на тимот од Атина, наместо да потпише со Партизан, кој исто така покажал сериозен интерес за него.

Осман, кој до неодамна настапуваше во НБА-лигата, бил предмет на интерес од српскиот кошаркарски гигант Партизан, но на крајот пресудил дека Панатинаикос е подобра опција за неговата кариера.

„Да, искрено разговарав со Партизан пред да донесам конечна одлука. Тоа е одличен клуб, но за мене, историјата на Панатинаикос беше клучниот фактор што го одлучи правецот на мојата кариера. Ова е клуб со големо наследство, и тоа навистина направи разлика. Да се биде дел од тим со вакви исклучителни играчи е привилегија,“ изјави Осман, додавајќи дека му е драго што се нашол во тим со кошаркари кои ги познава уште од своите НБА денови.

Тој истакна дека животот во Грција му одговара и дека чувствува задоволство од својата нова средина, додавајќи: „Многу ми е убаво во Грција. Навистина уживам овде, и со нетрпение го очекувам секој следен натпревар.“