Панчев: Кој гледа ракомет во Европа? Да го споредиш со фудбал е исто како да го направиш тоа со професор во Скопје и Ајнштајн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер и играч на Црвена Звезда, Дарко Панчев даде интервју за српски „Би-Би-Си“ во кое зборуваше за многу теми, но посебно внимание привлече неговиот коментар за ракометот.

Вардар освои досега две европски титули, меѓу кои и таа минатата година, па тоа предизвика голема среќа кај македонската јавност. Сепак, Панчев го омаловажи успехот на „црвено-црните“ со неговиот коментар.

„Дасе споредува ракомет со фудбал е како да споредите професор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Па, кој гледа ракомет во Европа? Сепак, нашите луѓе сакаат успех – да играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, таа сигурно би била полна“, вели Панчев меѓу другото во интервјуто за „Би-Би-Си“.