Панчев за инцидентот на „Максимир“: Светската политика го уништи цел регион, а не само фудбалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Дарко Панчев зборуваше за инцидентот на „Максимир“ во Загреб, потегот на Звонимир Бобан и крајот на генерацијата за која веруваа дека може уште долго да доминира во светот.

За неофицијалниот „почеток на крајот“ на Југославија се смета тепачката меѓу навивачите и полицијата во тек на мечот меѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда пред точно 30 години.

Околу 2.500 гостински навивачи беа непријателски пречекани по пристигнувањето во Загреб, но тоа кулминираше кога на стадионот навивачите на Дниамо ја скршија оградата на северната трибина и истрчаа на теренот.

„Немаше никакви најави, ниту знаци дека мечот може да биде прекинат. Цел наш престој од пристигнувањето во Загреб мина без проблеми. Немаше проблеми до кршењето на оградата и влегувањето на навивачите на теренот. Бобан како млад играч реагираше несоодветно за спортист, но јас знам дека беше одличен и паметен човек и мислам дека еуфоријата имаше влијание. Светската политика го уништи цел регион, а не само фудбалот“, кажа Панчев.