Панчев за состојбата на Вардар: Друга песна ќе беше ако го имавме Александар Вучиќ…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар сезонава го допре дното и испадна во Втората лига, а големите финансиски проблеми во екипата засега не се решени и допрва следи тежок период за македонската екипа.

Иако Вардар пред три сезони играше во групната фаза во Лига Европа, сепак од тогаш до денес се сменија премногу работи во најтрофејниот македонски тим.

Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев зборуваше за ситуацијата во Вардар за српските медиуми.

„Кога се пласиравме во Лига Европа, им реков на луѓето во клубот дека немаме конкурентен тим за такво нешто. Добивме пет милиони евра од УЕФА, но тоа беше доволно само за буџет за следни три сезони. Реал Сосиедад ни даде шест гола, а одигравме реми само со Розенборг“, вели Панчев.

Панчев вели дека ситуацијата ќе била поинаква во Вардар ако клубот има поддршка од Македонија.

„Друга песна ќе беше ако го имаме Александар Вучиќ. Претседателот на Србија го сака спортот, но многу е поважно да се препознаат спортските успеси за секоја држава. Ја следам ситуацијата во Србија, гледам колку Вучиќ и државата му помагаат на фудбалот..“, вели бившиот играч.