Пандев: Интер беше мојата најголема грешка, имав можност да играм за Барселона, Манчестер јунајтед…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дарко Панчев имаше одлична кариера на Балканот, каде што настапуваше за Вардар по што се пресели во Црвена Звезда и докажа за каков квалитетен фудбалер станува збор, по што почна меѓународна авантура.

Панчев имал понуди од многу екипи во текот на кариерата, но тој решил да потпише за Интер, за кој смета дека бил погрешен избор и тука беше почетокот на падот на поранешниот фудбалер.

Панчев е свесен за неговата грешка во 1992 година и смета дека требало да потпише за некој клуб во шпанија или Англија.

„Моја најголема грешка е тоа што потпишав за Интер. Бев во тим во кој владееше лоша атмосфера, а ме гледаа и поинаку бидејќи бев странец. Грешката е моја, можев да потпишам за Барселона, Манчестер јунајтед или Реал Мадрид…“, раскажува Панчев.