Пандев не размислува за пензија – ќе игра уште една сезона во Парма


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев ќе остане во екипата на Парма барем уште една сезона, иако имаше шпекулации дека ќе оди во пензија.

Менаџерот на Пандев, Леонардо Корси за медиумите откри дека македонскиот фудбалер сака со Парма да се врати во италијанската Серија А.

„Јас мислам дека Пандев може да направи многу работи за тимот. Тој сака да остане во Парма и да игра затоа што е мотивиран. Неговата желба е да ја врати Парма во Серија А“, кажа менаџерот.

Пандев има 38 години, но очигледно не мисли сè уште да оди во пензија, па ќе одигра барем уште една сезона за поранешниот калчолигаш.