Парите заминаа за лекување: Капитенската лента на Роналдо продадена за 64.000 евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо ја фрли капитенската лента во Белград, откако не му беше признат гол во 93. минута против Србија.

Еден од работниците на стадионот „Рајко Митиќ“ ја зема капитенската лента и ја стави на аукција, а таа беше продадена за неверојатни 7,5 милиони динари или 64.000 евра.

Парите ќе бидат искористени за лекување на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ, на кого му се потребни дури 2,5 милиони евра за лекување.