Партизан се бори со Олимпијакос и Ц. Звезда за кошаркар од НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако ги ангажираа Огњен Јарамаз и Матеуш Понитка, Партизан се подготвува за нови засилувања, а изборот паднал на Раул Нето од НБА-лигата.

Нето минатата сезона ја помина во Кливленд кавалирс, а за неговите услуги се заинтересирани и Олимпијакос и Црвена Звезда.

Бразилскиот кошаркар во најсилната кошаркарска лига играше уште и за Јута џез, Филаделфија пејсерс и Вашингтон визардс.

Нето одигра вкупно 435 натпревари, а во просек постигнуваше по 5,7 поени и 2,1 асистенции.