Пелистер се засили со тројца фудбалери (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот прволигаш Пелистер ангажира три нови засилувања за новата сезона, а тоа се Виктор Серафимовски од Силекс, Филип Тодороски од Воска Спорт и Дамјан Масевски од Охрид.

Серафимовски има искуство во Првата лига со играње во неколку екипи и ќе биде засилување во средниот ред, додека Тодороски е еден од најталентираните играчи во Македонија, а Масевски ќе го засили нападот на битолчани.

Тројцата в понеделник на прозивката на екипата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола официјално ќе бидат претставени и првпат ќе тренираат со новите соиграчи.