Перишиќ прави трансфер на кариерата?


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Одличниот крилен фудбалер Интер Иван Перишиќ може во ова лето да ја промени средината.

После одличните партии во групната фаза на ЕВРО, Перишиќ привлече внимание на бројни европски гиганти.

Моментално за неговите услуги најмногу се интересира екипата на Арсенал која наскоро е спремен да започне преговори со Интер околу купување на овој фудбалер.

Да потсетиме дека Перишиќ постигна два погодоци во три меча од групната фаза на ЕВРО и дека е прогласен за играч на натпреварот против Шпанија во последното коло. Тој во Интер дојде во 2015 година од Волфсбург.