Пилотот на хеликоптерот на Брајант работел и за Кавај Ленард: Многу работи ми се вртат во глава


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ара Зобајан, пилотот кој го загуби животот заедно со Коби Брајант и седум други патници, исто така работел за ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард.

Ленард истакнува дека Ара бил навистина одличен човек и меѓу најдобрите пилоти.

„Порано летав со него многу. Тој е одличен човек и еден од најдобрите пилоти“, рече Ленард, продолжувајќи:

„За мене сè уште е нереално. Тој често ми велеше дека оди да го зема Коби по мене. Жал ми е за сите жртви“.

Тој не е сигурен дали во иднина ќе продолжи да го користи хеликоптерот како транспортно средство.

„Не можам да зборувам за тоа. Не знам уште. Многу работи ми се во главата“, рече Ленард.