Пирло ја најде причината за поразот против Интер: Полошо од ова не може да биде…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус имаше лоши натпревари во нивната историја, но последниот против Интер ги загрижи навивачите на актуелниот шампион.

„Старата дама“ делуваше лошо на теренот и фудбалерите како да немаа желба и мотив да се борат и да направат добар резултат.

Тренерот Андреа Пирло ја пронајде главната причина за поразот во слабиот пристап и недостатокот на желба да се одигра добар меч.

„Од почетокот имавме лош пристап. Кога во вакви натпревари ви недостига желба, тешко се добиваат бодови. Не излеговме на теренот. Бевме премногу пасивни и кога не си агресивен во вакви натпревари, тогаш не можеш да победиш“, вели Пирло.