Пирло призна: Милан и Интер се главни фаворити за Скудетото!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус беше поразен од Фиорентина со убедливи 0-3 сред Торино и тоа беше нивни прв неуспех во италијанската Серија А сезонава.

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло кажа дека тие имале погрешен пристап кон натпреварот, а притоа призна дека главни кандидати за трофејот во Серија А се Милан и Интер.

„Со погрешен став влеговме во натпреварот. Кога на таков начин ќе влезеш во натпревар, неизбежни се вакви работи. Вакви работи се случуваат пред Божик, кога ќе почнеш да размислуваш каде ќе заминеш на одмор. Бевме деконцентрирани, нормално е што сме поразени. Сега ќе одиме на одмор, ќе ги „наполниме батериите“, а потоа можеме да анализираме какви грешки правевме во првиот дел од сезоната. Чувствуваме дека сме јаки, но ако сега Милан и Интер се пред нас, тоа значи дека до сега тие биле подобри. Не можеме да се лажеме, тие сега се фаворити за титулата“, вели Пирло.