Писмото на ултрасите на Интер поради Лукаку ја подели Италија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По скандалот на Сардинија, кадешто Ромелу Лукаку беше жртва на домашните навивачи, се огласи и најсилната група на интер, која застана во одбрана на фановите на Каљари.

Новиот расистички напад ја потресе Серија А минатиот викенд, а напаѓачот на Интер беше жртва на навивачите, кои го провоцираа со мајмунски крици.

Најсилната група навивачи на Интер му се обрати на Белгиецот, а нивното писмо ја подели јавноста во Италија и дефинитивно го налути напаѓачот.

„Здраво Ромелу. Ти пишуваме пред групата Курва Норд. Тоа се момци кои ти посакаа добредојде во Милано. Навистина ни е жал што мислиш дека тоа што се случи во Каљари беше расистичко. Мораш да разбереш дека во Италија поинакви работи се сметаат за расизам. Ние во Италија користиме некои начини, како мајмунски крици за да го изнервираме противникот, но не и да го навредиме на расистичка основа…“, пишува меѓу другото во писмото.