Победа ги започна подготовките за новата сезона со четири нови засилувања


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Прозивка и старт на подготовките на прилепскиот прволигаш

Со прозивка на Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески и Спортскиот директор Јовица Обрадовиќ и првиот тренинг стартуваа подготовките на Победа за следното првенство на Првата лига. Враќањето ан двократниот шампион во елитното друштво очекувано предизвикува голем интерес кај фудбалерите кои сакаат да го носат црвено-белиот дрес и да настапуваат во Првата лига. Потврда за тоа е што ниту еден од фудбалерите кои изборија прволигашки статус не го напушти клубот и сите беа присутни на првиот тренинг а имаше и многу нови лица. Официјално нови засилувања на Победа се 4-ца фудбалери. Од нив тројца се повратници во Прилеп:играчот за врска Кемал Аломеровиќ(35) се враќа по една сезона во Академија Пандев, левиот страничен Ристе Илијовски(22) по две сезони во Младост а голманот Давор Талески(21) по две сезони во Металург, а ново име е десниот страничен Димитар Иванов(21), кој беше поврзуван со трансфер со Победа и минатото лето кога од Вардар беше позајмен на Љубанци и во зимскиот преоден рок кога го засили Тетекс. На проба во Прилеп е и 23-годишниот јапонски фудбалер Хајато Вакино(23), кој настапувал за литванскиот прволигаш Стумбрас и фински Атлантис, а околу 1-ви јули се очекува доаѓање на 4-ца напаѓачи од Африка. На првиот тренинг имаше десетина играчи од млдинскиот погон како и неколку помлади неафирмирани играчи кои ќе тренираат со екипата одреден временски период по што ќе следи селекција и скратување на списокот.

По десетдневните почетни тренинзи во Прилеп и задолжителните лекарски прегледи екипата од 10-тти јули заминува на летни подготовки во Банско(Бугарија) каде веќе се договорени две пријателски средби со Пелистер на 12-тти и Академија Пандев на 17-тти јули.