Почина еден од најпознатите македонски ракометни тренери


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот ракомет го погоди голема трагедија, откако утрово почина еден од најпознатите тренери во државата, Андон Бошковски.

Бошковски во текот на кариерата го носеше дресот на Работнички, но мораше да се повлече поради повреда на раката.

Во Работнички ја почна и тренерската кариера, а потоа работеше како асистент во Металург со кој стана шампион и играше во Лига на шампиони.

Потоа се пресели во Младост Богданци, а во 2011 година се врати во Металург, додека дел од кариерата мина и како помошник на Веселин Вујовиќ, а потоа и предводник на црвено-црните.

Во неговата богата кариера работеше и во Еурофарм Работник, Струга, Голден Арт, Радовиш и Вучитрн.