Почина легенда и прв фудбалер која заврши на сликичка на „Панини“ (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Интер и поранешниот италијански репрезентативец Бруно Болчи почина на 82-годишна возраст.

Болчи ќе остане запаметен како фудбалер кој прв завршил на сликичка на „Панини“, и тоа на 27 август 1961 година.

Италијанецот играше како играч за врска, а во текот на кариерата ги носеше дресовите на Интер, Верона, Аталанта и Торино.

Најмногу успех имаше во Интер за кој одигра 109 натпревари и постигна 10 голови, а за италијанската репрезентација играше четири пати.

Болчи работеше и како тренер, при што промени многу клубови во татковината, а последен му беше Месина во 2007 година.