Подобро Шпанија или Англија, отколку Унгарија


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против Унгарија.

Со овој расплет се задоволни веројатно сите во Белгија, освен селекторот Марк Вилмотс.

Вилмотс порача дека повеќе би сакал неговата репрезентација да игра против Шпанија или Англија.

“Подобро ќе беше да играме со Шпанија или Англија, отколку против Унгарија. Со задоволство повеќе би играл со потежок противник бидејќи во тие натпревари немате што да загубите. На ова Европско првенство нема лесни противници, сите екипи играат одлично”– изјави Вилмотс.

Натпреварот против Белгија и Унгарија се игра во недела од 21:00 часот.