Покетино по неверојатното промашување на Џексон: Му треба време да се адаптира во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Николас Џексон не се прослави на натпреварот против Нотингем Форест, откако промаши цел гол од само три метри и така не му помогна на Челси да избегне пораз (0-1).

Џексон доби критики од навивачите, но и од критичарите, а за неговиот настап зборуваше и Маурицио Покетино .

„Тој ќе биде ефикасен и ќе влезе во форма, но му треба време да се адаптира. Џексон веќе игра одлично, но мора да дава повеќе голови. Некогаш премногу брза и тоа е последица затоа што сè уште не е прилагоден на овој стил. Кога ќе добие искуство, тогаш сигурно ќе дава голови“, вели Покетино.