Поранешен хрватски селектор седна на клупата на Еурофарм Пелистер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еурофарм Пелистер денеска доби нов тренер, а станува збор за поранешниот хрватски селектор Жељко Бабиќ, кој исто така има искуство и во екипите на ППД Загреб, Горење Велење и Мешков Брест.

Бабиќ во својата кариера има освоено бронзени медали на Олимписките игри во Лондон 2012, Европското првенство (ЕП) во 2012 и Светското првенство во Шпанија 2013, а тогаш работеше како помошник тренер во Хрватска. Исто така, бронзен медал освои и како селектор со хрватската репрезентација на ЕП во Полска пред четири години.

Од управата на битолскиот тим покажаа големо задоволство што Бабиќ седнал на кормилото на клубот, па тие се надеваат на остварување на добри резултати и во вториот дел од сезоната.