Поранешниот сопственик на Ф1 го добива првиот син на 90 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот газда на Формула 1, Берни Еклсон на 90 години ќе добие четврто дете. По три ќерки пристигнува неговиот прв син.

Милијардерот очекува дете со сопругата Фабијана Флоси, која од него е помлада 45 години. Еклстон, кој поради пандемијата на коронавирусот живее во Бразил, ќе го добие првиот син во следните месеци.

Неговата најстара ќерка Дебора од бракот со Ајви Бамфорд има 65 години, додека од бракот со Славица Радиќ ги има Тамара и Петра.