„Португалија ќе биде шампион, Франција има проблем во одбраната“


Дерби во Англија, Столе против кралевите во Мадрид ↓↓↓


Италијанскиот стручнак Фабио Капело верува дека Португалија ќе ја победи Франција и ќе ја освои титулата шампион на Европа.

„Ќе биде многу интересен и неизвесен меч. Франција има силна напаѓачка линија, но многу проблеми во одбраната. Од друга страна, Португалија е компактабилна екипа, ме потсетува малку на Италија од Конте, и во нападот имаат многу играчи кои можат да го решат мечот. Португалија е силна, иако многумина сметаат дека домаќинот е фаворит на хартија“, рече Капело.

Капело во текот на кариерата го тренираше Милан, потоа мадридски Реал, Рома, Јувентус, додека искуство има и со репрезентациите бидејќи ги водеше Русија и Англија.

Финалето на ЕП меѓу Франција и Португалија се игра вечерва од 21:00 часот во Париз.