После големата победа на Хрватска и е отворен патот до финалето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватска во вчерашниот натпревар со дури пет нови играчи го совлада европскиот шампион Шпанија и така го освои првото место во групата.

Анте Чачиќ натпреварот против Шпанија го играше без Домагој Вида, Иван Стриниќ, Марсело Брозовиќ, Лука Модриќ и Марио Манџукиќ, но тоа не ги спречи Хрватите да одиграат фантастичен натпревар.

Познато е дека следниот натпревар на Хрватска ќе се игра на 25 јуни во Ленс, а својот противник тие ќе го дознаат вечерва кога ќе бидат комплетирани натпреварите од групите Е и Ф.

Во овој момент познато е дека еден од трите потецијални противници ќе биде Словачка, додека другиот ќе се бара помеѓу Белгија, Шведска и Ирска. Во последното коло Шведка ќе игра против Белгија, а Ирците ќе одат на натпревар против Италијаните кои веќе го обезебдија првото место.

Третиот противник на Хрватска ќе се бара од Групата Ф, од репрезентациите на Унгарија. Исланд, Португалија и Австрија. Имено, сите овие селекции би можеле да завршат на третото место.

Во случај на победа во осминафиналето, Хрватска на 30 јуни во Марсеј ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Полска и Швајцарија.

Поедноставно, Хрватите во овој дел од ждребот ги избегнаа Германија, Италија, Шпанија, Франција и Англија, па така патот до финалето на ова ЕП им е апсолутно отворен.