Потенцијален состав на Њукасл: Нападот привлекува најмногу внимание!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл е главна приказна во светскиот фудбал. Популарниот премиерлигаш стана најбогат тим во светот и сега со нетрпение очекува да видиме каде арапските сопственици ќе ги трошат парите.

Нов тренер треба да им биде Брендан Роџерс, а отпадна можноста да го купат Ерлинг Халанд, меѓутоа најдобрите медиуми во светот го објавија потенцијалниот состав за следната сезона.

За голманската позиција прв пик е репрезентативецот на Англија, Сем Џонстон, по што следат Дубо, Беднарек, Шуле и Мазрауи во одбраната, а на средината се очекуваат Модриќ, Кеси, Кутињо, додека во нападот би требало да заиграат Кулушевски, Вернер и Кејн, што малку делува нереално.

Во секој случај, сигурно нѐ очекува возбудлива зима на „Сент Џејмс Парк“, но и повозбудливо лето во 2022 година.