Потврдено: Италија ослабена за дуелот со Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Италија во дуелот со Шпанија ќе биде ослабена за Антонио Кандрева.

Фудбалерот на Лацио е еден од италијанските фудбалери кои најмногу покажаа на ова ЕВРО, а денес официјално е потврдено дека тој нема да биде на располагање на Конте поради повреда на прстот.

Италијанските медиуми шпекулираат дека местото на Кандрева во екипата треба да го завземи Флоренци, кој позади себе има добра сезона во дресот на Рома, а можно е во екипата да “влезе“ и Ел Шарави.

Италија и Шпанија својот меч од осмина финалето на Европското првенство ќе игра во понеделник во Париз (18:00).