Повредата не е сериозна: Познато колку време ќе паузира Пандев


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Горан Пандев беше одличен во минатото коло, каде што постигна гол и асистираше во победата на Парма од 4-1 против Порденоне, но потоа заработи повреда поради која мораше да го напушти теренот.

Пандев влезе во игра во 46. минута, но на теренот остана до 71. минута поради повреда, но на деталните медицински прегледи беше откриено дека таа не е сериозна.

Македонецот има мала повреда, поради која ќе отсуствува само една недела од фудбалските терени и нема да настапи против Кремонезе и Тернана во Серија Б.

Парма оваа сезона не игра добро и се наоѓа на 11. место со 28 бодови, односно шест помалку од позициите кои носат во плејофот, но има уште долго да се игра до крајот на сезоната.