Познато кога Карлос Алкараз се враќа на теренот


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе паузира подолго време, а сега се појави информација кога шпанскиот тенисер ќе се врати на теренот.

Алкараз беше во добра форма, но тогаш го доби повредата на тетивата во првиот натпревар во Барселона. Тој дуел го доби, но го предаде следниот без борба, а потоа стигна веста дека ќе го пропушти Роланд Гарос.

Не беше познато дали Алкараз ќе ја излечи повредата пред почетокот на сезоната на трева, сега тоа прашање доби одговор. Според добро информирани медиуми од неговата татковина, Шпанецот треба да се врати на теренот на турнирот во Квинс, генерална проба пред Вимблдон.

Алкараз има освојувано овој турнир, кој инаку се игра две недели пред почетокот на третиот гренд слем во сезоната. Да потсетиме, Алкараз го освои Австралија опен, првиот гренд слем во сезоната по победата против Новак Ѓоковиќ.