Познато колку пари ќе има Њукасл за зимскиот преоден рок без да го прекрши ФФП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По година ипол, Њукасл конечно е продаден на принцот на Саудиска Арабија, кој од истиот момент сака да создаде европски гигант и да се вклучи во борба за трофеи од следната сезона.

Мохамед Бин Салман сакаше да го купи Њукасл уште одамна, но на неговиот пат му застанаа Премиерлигата и Владата на Велика Британија, но сега сите проблеми се решени и тимот е во негови раце.

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а така нема да го загрози финансискиот фер-плеј (ФФП).

Претходно била испратена официјална понуда до Антонио Конте, додека британските медиуми објавија дека во конкуренција за тренерската позиција е и Стивен Џерард.