Познато што му е потребно на Реал Мадрид за пласман во нокаут-фазата на ЛШ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид беше изненаден вечерва од Шахтјор со 0-2 на гостински терен и така шпанскиот шампион си направи проблеми пред последното коло од групната фаза.

На шампионот многу работи му зависат од мечот меѓу Борусија Менхенгладбах и Интер, кој се игра во моментов. Доколку победат Германците, тогаш Реал ќе мора да слави против Борусија и ќе мора да се надева дека Шахтјор нема да слави против Интер.

Доколку победи Интер, тогаш и италијанскиот тим ќе има шанса во последното коло да се бори за пласман во нокаут-фазата.

На Реал бод против Борусија ќе му биде доволен во случај ако Интер не победи денес во Германија, а победи во последното коло со Шахтјор.

Постои опција дури и Реал да заврши како четврти и да не игра ниту во Лига Европа. За тоа е потребно Интер да победи вечерва и против Шахтјор и Реал да изгуби во последното коло против Борусија.