Пред четири месеци ја освои Лига Европа, а сега го избркаа од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на шпанскиот гигант Севилја реши да му даде отказ на тренерот Хозе Луис Мендилибар по лошите резултати на почетокот на сезоната.

По состанокот на Управниот одбор на клубот, Севилја соопшти дека повеќе не сака да соработува со Мендилибар.

„Клубот сака да му се заблагодари на тренерот за неговите услуги, чија улога ќе остане во историјата на клубот по освојувањето на Лига Европа во Будимпешта“, соопштија од тимот.

Мендилибар ја предводеше Севилја на 28 натпревари, а притоа запиша 10 победи, 11 нерешени натпревари и седум порази, а клубот од Андалузија ја освои и Лига Европа.

Севилја во моментов е на 14. позиција во Ла Лига со само две победи по осум одиграни кола.